Изложба „Невидлива изложеност” на Тања Балаќ

Новиот циклус „Невидлива изложеност“/„Invisible Exposure” опфаќа дела работени во последните две години, масло на платно на уметничката Тања Балиќ.

За неа се вели дека ја вткајува реалноста како инспирација во својата специфична творечка експресија. За неа тааа претставува простор за преиспитување на емоционалното присутство на човекот и потрага по личната вистина и суштина на постоењето.

Изложбата ќе биде отворена вечерва, во 20 часот, во галерискиот простор на НЛБ Тутунска Банка.