Промоција на драми од Горан Стефановски во Охрид

Во среда (19 август), во рамките на Охридско лето, ќе биде промовирана книгата, „Собрани драми, книга четврта“ од еден од најеминентните македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски.

Најновата збирка од едицијата „Темелници“ во издание на Табернакул, каде Стефановски веќе е објавен  со три изданија, содржи три нови драми, „Одисеј“, „Огнени јазици“ и „Figurae veneris historiae“.

Промоцијата  ќе се одржи во Охрид, во Куќата на Уранија, во 19:00 часот. Книгата ќе ја промовира Катица Ќулавкова, а извадоци од сцени од драмите ќе интерпретира актерот Никола Ристановски. На настанот планирано е за процесот на создавање на драмите да говори и Горан Стефановски.