Камери за надзор наместо птици – инсталација на чешки уметник

Иако оддалеку личат на птици , кога посетителите ќе се доближат до карпата во морето лесно ќе забележат десетици камери поставени на неа.

Инсталацијата е дело на чешкиот уметник Јакуб Гелтнер (Jakub Geltner) во вид на склулптури поставува камери за надзор и сателитски антени во јавните простори.

Проектот е насловен „Гнездо“ , а уметникот го работи од 2011 година со што како што вели „интервенира во самиот карактер на градот“.

Неговите инсталации се поставени на места како поранешно основно училиште, палата, па дури и на фасадата на црква.

Последното петто дело од проектот  го создаваат камерите за надзор покрај морето, на место каде ретко кој би очекувал да биде следен од нив.

„Процесот на растење на гнездото на фасадите на зградите или во различни урбани простори може да се земе како точка на метеж или почетна точка на инфекција“, вели уметникот.