Ограбено основното училиште „Лирија“ во Чаир

10 куќишта од компјутер и два лаптоп компјутери биле украдени од основното училиште „Лирија во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите на МВР, тешката кражба се случила во периодот од 3 до 4 јули во Скопје на ул. „Цветан Димов”. Крадецот влегол во кабинетите по историја и биологија и одзел десет куќишта од компјутерската марка „Најгер“ и два лаптоп компјутер и се стекнал со противправен износ од 21 000 денари.

Сторителот се уште е непознат за полицијата, но од МВР велат дека се преземаат мерки за негово откривање.