Налепница на ретровизорите за поголема безбедност на велосипедистите

Налепницата „Мисли на велосипедистите“, наменета за ретровизорите на автомобилите има за цел да ја подигне свеста на возачите за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот.

Налепницата денеска беше промовирана во АМСМ и е дел од проектот „Со велосипед на пат низ целиот град“ кој го спроведува АМСМ во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и Меѓународната автомобилистичка федерација.

Главните пораки кои треба да се испратат со налепницата се возачите на моторни возила да ги користат ретровизорите, да внимаваат на велосипедистите, бидејќи тие се поранлива категорија на учесници во сообраќајот и велосипедистите не се појавуваат одеднаш.

Налепницата се поставува на десниот ретровизор, од страна на совозачот, во левиот, внатрешен долен агол, согласно упатствата на ФИА, на позицијата каде што може да влијае врз намалувањето на прегледноста и покривање на „слепиот агол“.

Во рамки на кампањата на АМСМ, на 28 јуни (недела) се организира велосипедско дефиле посветено на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот. Дефилето ќе започне во 8 часот од Порта Македонија и преку однапред дефинирана рута ќе се вози се до Школка во Градски парк.