Жени научници возвратија на сексистички коментар на научникот Tim Hunt

Во вторникот, добитникот на Нобелова награда за биохемија сер Tim Hunt го шокираше светот со неговите сексистички изјави за жените научници за време на конференција за жени научници во Јужна Кореја.

„Дозволете ми да ви кажам за моите проблеми со девојките… Три работи се случуваат кога тие се во лабораторијата… Вие се заљубувате во нив, тие се заљубуваат во вас, а кога ги критикувате, тие плачат“, рече лауреатот.

Како одговор на неговите шовинистички коментари, жени научници од целиот свет преку Twitter се обидоа да покажат колку тој погрешно размислува, со користење на хаштагот #distractinglysexy („привлено секси“) и #TimHunt.

Жените во науката се охрабрија да ги постираат своите слики на Twitter. Погледнете дел од нив, дополнети со иронични коментари.