Минималистички постери како објаснување за сложени зборови

Лондонскиот дизајнер Mick Watson, создаде серија минималистички постери со намера да се преведат нејасните, недоволно искористените, или омилени зборови во графички прикази за да се илустрираат нивните значења и да се одржат.

Дизајнерот објаснува како постојано среќава зборови во статии, книги и разговори со пријатели. Тој започнал да скицира во тетратка, но брзо преминал на компјутер, за да може во исто време да работи на сликата и бојата.

Obfuscatory – замаглено, нејасно

Contrarian – инаетлив, спротивставен

Mellifluous – мелодичен

Heliotropism – хелиотропизам (способноста на некои растенија да се вртат кон изворот на светлината)

Funambulist – човек кој оди по јаже

Deasil – во насока на појавувањето на сонцето (стрелките на часовникот)

Scintilla – обѕир

Apostasy – откажување или напуштање на религиозно или политичко верување