Град Скопје ќе казнува за празниците – 50 евра за смет, 200 евра за оган

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, апелираат до граѓаните коишто планираат празникот Први мај и деновите од продолжениот викенд да го поминат во природа, особено на Водно, во Паркот на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, на езерото Треска, кањонот Матка и на други излетнички места, да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад.

„Екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ во согласност со мерките и надлежостите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило, ќе преземаат мерки и активности за превентивно дејствување и ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини и ги потсетуваме дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра“, се наведува во соопштението од Град Скопје.