Најавено е продолжение од автобиографијата на Нелсон Мандела

Продолжението на автобиографијата на Нелсон Мандела од 1995 година „Long Walk to Freedom“ ќе биде објавена следната година од страна на Pac Macmillian кој ги поседува правата за ракописот, објави Time.

Акцентот во автобиографијата ќе биде ставен на политичкиот вртолог околу црниот претседател на Јужна Африка, кој беше задолжен за создавање на мултикултурната демократија во време на големата криза со ХИВ/СИДА, а по распаѓањето на неговиот брак со Winnie Madikizela-Mandela.

По смртта на Мандела во декември 2013 година, неговата вдовица Graca Machel ги прикажа ракописите од речиси 230 000 зборови, на Фондацијата Нелсон Мандела, која организираше комисија за уредување на книгата, предводена од страна на јужноафричкиот политичар и аналитичар Tony Trew, пренесе Гардијан.

Околку една третина од книгата ќе се заснова на пишувањата на Мандела, додека останатите ќе бидат напишани од аналитичарот Trew.

Првата автобиографија на Мандела беше напишана од страна на Richard Stengel, поранешен уредник на Тime и актуелен државен подсекретар на Обама за јавна дипломатија и јавни работи. Таа стана светски бестселер, за кој во 2013 година беше направена и филмска адаптација.

Книгата „Long Walk to Freedom“ составена од 115 поглавја, ја истакнува транзицијата на Мандела од затвореник до претседател, но прави пауза во 1994 година, без да нурне во претседателската функција на Мандела.