Промоција на видео и дискусија: Зошто младински совет во Чаир?

Промоција на видео и дискусија насловена „Зошто младински совет во Чаир?“ ќе се одржи утре (вторник, 17 февруари) во салата на „Занаетчиска комора на Македонија“во Скопје.

Настанот чиј почеток е најавен во 14 часот е посветен на промоција на активностите и иницијативата за основање на младински совет во оваа општина и е дел од проектот „Развој на локално младинско учество и локални младински политики во 12 општини” на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.

Проектот е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Негова главна цел е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки.