Концерт на виолинистката Акико Суванаи со Македонската филхармонија

Во Македонската опера и балет утре во 20 часот, под палката на маестро Борјан Цанев, Македонската филхармонија ќе одржи симфониски концерт „Повторно Акико“, на кој како солист ќе настапи извонредната виолинистка од Јапонија, Акико Суванаи.

Таа втор пат настапува со Македонската филхармонија, а овој пат пред македонската публика ќе го изведе комплексниот, обемен и виртуозен Концерт за виолина и оркестар во D-dur од Лудвиг ван Бетовен.

Суванаи (1972) е најмладиот победник на престижниот меѓународен натпревар „Чајковски“, добитник е на бројни награди и свири на виолина „Делфин“ изработена од Страдивари, која му припаѓала на рускиот мајстор на виолината Јаша Хајфец.

Македонската филхармонија во четврток ќе ја изведе и грандиозната Седма симфонија од Сергеј Прокофјев, која се смета за една од највредните симфонии во музичката литература.