Отворен е конкурсот за наградата „Македонска книжевна авангарда“

Авторите на книги до 31 јануари можат да се пријавуваат за наградата „Македонска книжевна авангарда“, информираат од издавачката куќа „Феникс“.

Сите заинтересирани автори треба да достават еден примерок од своите најнови книги објавени во текот на 2014 година. Може да се конкурира со дела од сите книжевни жанри како поезија, проза, критика, есеј, драма..

Досегашни добитници на оваа награда се: Елена Пренџова и Марина Мијаковска.

Наградата ќе биде врачена во рамките на Фестивалот на чајот и читањето. Делата се испраќаат на адреса на Издавачка куќа Феникс (ул. Костурски херои бр.35, 1000 Скопје).