Сенатот на УКИМ ги поддржа заклучоците на Ректорската управа

Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги поддржа заклучоците на Ректорската управа со кои се бара да се одложи постапката за измени во законот за високо образование со цел да има поширока јавна дебата.

Ректорската управа пред три дена преку допис до министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, реагираше дека за вакви значајни измени, рокот од ставањето на јавен увид на предложените законски решенија до ставањето во собраниска процедура е прекраток за учество на сите засегнати страни.

Одлуката на Сенатот била едногласна и донесена на денешната 25-та редовна седница.