[Видео] Инспиративна визија за иднината во краткиот филм „Wanderers“

Краткиот филм „Wanderers“ на Erik Wernquist дава неверојатна и инспиративна визија за иднината раскажана од Carl Sagan.

„Wanderers“, како што се наведува во појаснувањето за филмот, е визија за човековата експанзија во Соларниот систем, заснована врз научните идеи и концепти за тоа како вселената ќе изгледа во иднина, ако тоа воопшто се случи. Локациите во филмот се дигитално создадени прикази на вистински места во Соларниот систем за што се користени реални фотографии и податоци онаму каде што тие биле достапни.

Без конкретна приказна, целта на филмот е да даде увид во фантастичната и убава природа која е околу нас, но и во соседните светови.

За максимален ефект најдобро е да се користат слушалки, да се изгаснат светлата и да видеото да се погледне во HD резолуција, прeпорачуваат од порталот  Sploid.gizmodo.com.