Прв ден од снимањето на „Ослободувањето на Скопје“ во Велес

Помина првиот ден од снимањето на филмот „Ослободувањето на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија. Според екипата, првата клапа е посветена на починатиот колега и филмски професионалец Ѓорѓи Ѓорѓиевски-Џокер.

Екипата ќе остане во Велес една недела, по што ќе се снима четири недели во Битола, а се очекува снимањето да заврши на Свети Никола, во Скопје, на 19 декември.

Дејството во филмот ја раскажува приказната за невозможната љубов и привлечност помеѓу една Македонка и германски офицер за време на Втората светска војна.

Режисер, сценарист и актер е Раде Шербеџија. Македонски продуценти во филмот се Роберт Насков, Горјан Тозија и Владимир Анастасов, продуцент од Хрватска е Игор Нола, додека копродуценти се Данило Шербеџија од Хрватска и Арто Халонен од Финска.

Ѓорѓи Ѓорѓиевски-Џокер, има работено на повеќе од 100 македонски, странски и копродукциски филмови од различни жанрови.