Почина Луканикос, кучето-револуционер од Грција

Почина Луканикос, грчкото куче-револуционер

Уличното куче Луканикос (Колбас), кое стана познато ширум светот поради учеството на протестите против мерките за штедење кои ја тресеа Грција од 2010 до 2012 година, повеќе не е меѓу своите соборци. Најпознатиот револуционер од животинскиот свет починал на 10 години, јавуваат грчките медиуми.

Почина Луканикос, грчкото куче-револуционер

Кучето од првата линија на протестите веројатно е најпрепознатливиот учесник во нередите во Атина: тоа бестрашно учествуваше во судирите на демонстрантите со полицијата и храбро ги издржуваше нападите со солзавец. Според мислењето на одредени луѓе, вдишувањето солзавец придонело за влошување на неговото здравје. За среќа, Луканикос е вдомен за време на демонстрациите во грчката престолнина, и своите последни денови ги поминал во топол дом, со луѓе кои го сакале.

Почина Луканикос, грчкото куче-револуционер

За ангажманот на Луканикос на грчките протести сведочат стотици фотографии и видео снимки, кои го направија ова куче омилено ширум светот и го доведоа на листата „највлијателни лица во 2011 година“ според магазинот Тајм.

Почина Луканикос, грчкото куче-револуционер

Извор: Окно