На 11 октомври антифашистички собир во Паркот на франкофонијата

На 11 октомври, 73 години по нападот на участокот во Прилеп, во мобилната галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје, ќе се одржи собир наречен „Борбата продолжува“, со кој ќе се одаде почит на партизаните кои, како што потсетува организаторот, со својата борба ја создадоа Македонија како антифашистичка, социјална и секуларна република.

На 11 октомври антифашистички собир во Паркот на франкофонијата

Целта е да се истакне дека во Македонија постојат сили кои се борат против повампирувањето на формите на фашизмот, нацизмот, шовинизмот и дискриминацијата.

Во 13 часот ќе бидат изложени активистички плакати изработени од дизајнерите Фросина Цонева – Ивановиќ, Елена Јовановска и Небојша Гелевски – Бане, користени во акцијата за одбележување на 70 години од одржувањето на АСНОМ. Половина час потоа ќе се обрати генералот Тодор Атанасовски, по што ќе има коктел и забава на отворено.

Извор