По 12.000 денари за средношколците приматели на социјална помош

Учениците од средно образование од семејствата приматели на социјална парична помош и оваа година ќе добијат дополнителна помош во висина од 12.000 денари, информираа од министерството за труд и социјална политика.

По 12.000 денари за средношколците приматели на социјална помош

Фото: Нова ТВ

На секој корисник годишно ќе му се исплаќа по 12.000 денари, а исплатата се врши на четири еднакви износи од по 3.000 денари а се очекува дека годинава 9.000 ученици ќе го остварат ова право, пренесе МИА.

Корисникот потребно да е запишан како редовен ученик во средно образование, редовно да ја завршил претходната учебна година и да е на средношколска возраст. Може да користи условен паричен надоместок за средно образование се додека е редовен ученик и да присуствува најмалку 85 проценти од вкупниот број на реализирани часови.

Исплатата ќе се врши на мајката на корисникот или на носителот на правото на социјалната парична помош определен од страна на центарот за социјална работа.