Апликации и технологии што им го олеснуваат животот на интернационалните студенти

Студирањето знае да биде доста стресен период, посебно ако студирате во странство. Ова се некои од апликациите што би можеле да ги користете ако се најдете во друга држава со желба да студирате.

Апликации и технологии што им го олеснуваат животот на интернационалните студенти

UniPlaces е моментално најразвиениот портал за наоѓање студентско сместување онлајн. Тимот на оваа веб страница се грижи да обезбеди целосни информации за студентските домови со приложување и на фотографии така што го олеснува резервирањето и го прави побезбедно. Потребно е само првиот месец да се плати онлајн и да зборувате со тимот ако ви е потребна помош.

What3Words app е апликација со мапа што помага да ја откриете вашата моментална положба без да имате потреба да опишувате, туку да напишете само три збора. Ова е доста корисно кога се обидувате да се сретнете со нов пријател во место со гужва или ако се наоѓате на фестивал на отворено каде што нема посткодови или адреси. Ова е исто добро кога се наоѓате на некое место, а сакате да знаете како се вика бидејќи сте нов/а во градот.

Google Translate app, е неминовна апликација со која иако знаеме да се пошегуваме поради несовршените преводи знае да биде доста корисна. Андроид верзијата нуди можност за фотографија, така што можете да фотографирате постер, мејл или буква што не можете да разберете или да го потенцирате текстот што сакате да се преведе. Исто така, може да прикаже превод во големи букви така што многу брзо можете да покажете некому збор што го знаете само на вашиот јазик.

TransferWise е апликација за трансфер на пари така што можете да ги префрлувате парите помеѓу банкарски сметки во различни држави, но без огромните провизии што банките ги наплатуваат. Апликацијата ја започна Тавет Хинрикус, првиот вработен во Скајп и наплаќа само една фунта за трансфер поголем од 200 фунти.

Time Out апликацијата ви овозможува да погледнете што се случува на локално ниво и сè она што се случува во градот вклучувајќи од уметноста, театар и многу други активности.

Идентификациона карта за интернационални студенти (ISIC) е картичка со која студентите добиваат попусти во продавници, музеи, кино, патувања и слично.

Duolingo е мобилна и интернет апликација за усовршување на јазикот така што ќе се натпреварувате со пријателите и ќе собирате поени. Ако доплатете 20 долари можете да полагате тест што ако го положете добивате сертификат што е признат од повеќе универзитети низ светот.

Фејсбук е денешниот гигант во поглед на социјалните мрежи и е доста корисен за пронаоѓање разни студентски здруженија и интернацинални студентски страници за универзитетот во кој планирате да студирате.

Извор: huffingtonpost.co.uk