[Видео] Калеидоскопско ноќно патување низ улиците на Токио

[Видео] Калеидоскопско патување низ Токио ноќе

Овој независен видеопроект на јапонскиот автор Хироши Кондо, наречен „Eye Know“ почнува како обична „time-lapse“ снимка од улиците на Токио ноќе, но набрзо се претвора во нешто сосема различно. Користејќи ги уличните светла и другите извори на светлина, Кондо ја претопува снимката во блескави, калеидоскопски експлозии на бои и движења. Музичката позадина е дело на композиторката Ајако Танигучи.

Извор