[Дебата] Поттикнување на активно граѓанство

Денеска во Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје ќе се организира јавна дебата на тема „Поттикнување на активно граѓанство“. Почетокот е закажан во 12 часот, а дебатата ќе отвори дискусија како да се поттикне учеството на граѓаните во политичките процеси со напуштање на ставот и стравот дека не можат ништо да променат или дека ќе бидат партиски етикетирани.

[Дебата] Поттикнување на активно граѓанство

На дебатата ќе говорат Катерина Колозова, Драган Антоновски, Петрит Сарачини и Бесим Небиу.

Настанот го организираат Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ) кои го спроведуваат проектот „Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество“ во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество спроведуван од Фондацијата отворено општество- Македонија.

Проектот има за цел да отвори широка општествена дебата за важноста на медиумската слобода за општиот прогрес на граѓаните, како и вмрежување на граѓански организации кои ќе придонесат кон зајакнување на новинарската слобода и јакнење на демократијата. Во рамки на проектот се одржуваат јавни дебати низ градовите во Република Македонија, каде можат да се вклучат поголем број граѓани.