Помошта на Македонија за Србија и БиХ продолжува

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека согласно Одлуката на Владата за помош на Република Србија и Босна и Херцеговина заедно со Агенцијата за стокови резерви и Бирото за лекови  презеде активности за нивно обезбедување и транспорт и таа е доставена до крајните дестинации.

Помошта на Македонија за Србија и БиХ продолжува

Во Република Србија испратени се 15 припадници од тимовите за спасување од поплави на ДЗС, два гумени чамца, 15 агрегати за струја, 23 пумпи со капацитет од 200-300 л/минута и две мултифункционални дизел пумпи со капацитет од 3.000 л/минута, пренесе МИА.

Од Министерството за одбрана испратен е тим од 15 лица, како и по пет пластични чамци и агрегати за струја.

Од Министерство за внатрешни работи во Србија на 18 мај упатен е хеликоптер со 15 припадници на Министерството. Ангажираните лица се сместени и работат на отстранување на опасностите и последиците од поплавите во Обреновац.

Во Босна и Херцеговина од ДЗС испратени се 15 припадници од тимовите за спасување од поплави на Дирекцијата, два гумени чамца, 13 агрегати за струја, 23 пумпи со капацитет од 200-300 л/минута и две мултифункционални дизел пумпи со капацитет од 3.000 л/минута.

Од Министерство за внатрешни работи во БиХ упатен е тим од 15 спасувачи од ова Министерство.

Од Министерство за одбрана испратени се 3.000 ќебиња и разни видови лекарства.

Ангажираните лица во Босна се сместени и работат на отстранување на опасностите и последиците од поплавите во Брчко, се наведува во соопштението.