Работилница за млади – механизмите за човекови права на ООН

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Македонија и Младински образовен форум (МОФ) организираат двочасовна дебата за време на која ќе биде претставен Универзалниот периодичен извештај (УПР) – механизам преку кој се испитува почитувањето на човековите права во сите 193 земји членки на Обединетите нации.

работилница

Главна цел на дебатата е запознавање на младите со УПР процесот и нивно активно вклучување во промоција на спроведувањето на препораките упатени кон Македонија. Настанот ќе биде пренесуван во живо преку интернет страницата на Радио МОФ (www.radiomof.mk).

Сите заинтересирани се поканети да присуствуваат на оваа дебата која ќе се одржи на 16 април 2014 година од 15:00 до 17:00 часот во Младинскиот културен центар во Скопје.