#ТетовоНаТочак: 1323 велосипедисти, 12 Критични маси и прв роденден

#ТетовоНаТочак го прославува својот прв роденден со роденденска Критична маса закажана во сабота, на 12 април.

Тетови Критична маса

Зборното место е градскиот плоштад во Тетово, а роденденската рута тргнува во 16 часот.

Дојдете сите заедно да ја одбележиме оваа прекрасна година во која сите точакољупци возевме со една цел, љубовта кон точакот и подобар вело-град, повикуваат тетовските вљубеници во урбаниот велосипедизам. Како дел од прославата, во 17 часот започнува роденденската забава со High Control и DJ сет на уникатните Олук Мултимедија, а за посетителите ќе има и торта.

Критична маса во Тетово е организирана како дел од иницијативата #ТетовоНаТочак, која што претставува иницијатива на млади велосипедски ентузијасти и граѓански активисти кои што настојуваат да направат промена во својот град со цел да обезбедат услови за слободно и непречено користење на велосипедот како основно превозно средство.