Економски факултет ја организира Меѓународната летна школа – 2014

Економски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во соработка со најголемата интернационална студентска платформа АИЕСЕК, традиционално по четврти пат ја најавуваат Меѓународната летна школа – 2014 „Направи разлика- Стани европски лидер за одржлива конкурентска предност.

Економски факултет ја организира Меѓународната летна школа - 2014

Школата ќе се одржи од 8-17ти август 2014 година во Охрид а краен рок за пријава е 31ви мај, 2014 година (23:59 часот).

Концептот за реализација на Летната школа 2014 обединува напредни методолошки концепти за одржлива конкурентност во ЕУ и САД; Емпириски елаборации на 6 реални бизнис модела на одржлива конкурентска предност – 3 од Македонија, 3 од ЕУ/САД; Студиски посети во изворно работно окружување на 2 македонски конкурентни бизниси; Проектна анализа и решавање на 5 зададени предизвици за одржливата конкурентска предност.

Работен јазик на Летната школа ќе биде англискиот јазик.

„Во годината во која го прославува својот 64-ти јубилеј, Економскиот факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје традиционално, по 4-ти пат, во целосна соработка со AIESEC Скопје, Ве повикува да ни се придружите на нашата летна школа, која оваа година е посветена на едно од највиталните прашања за опстанок и развој на секој систем (бизнис субјект, факултет итн.) – создавање и одржување на нивната препознатлива конкурентност“, се вели во најавата за настанот.

Повеќе информации за школата може да погледнете на следниот линк.