Уште едно ветување – летово ќе се реновира студентскиот„Гоце Делчев“

По завршувањето на изборниот процес ќе се реновира студентскиот дом „Гоце Делчев“ најави денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Уште едно ветување - летоска ќе се реновира студентскиот„Гоце Делчев“

„Имаме готов проект за реконструкција и санација на студенстскиот дом „Гоце Делчев“ кој треба да се реализира во летниот период кога има најмала фреквенција на студенти“, рече Ристовски одговарајќи на прашање по посетата на учениците од паралелката за фудбал при Спортската академија.

Пред Ристовски, најави за реновирање на домот имаше и од неговиот претходник Панче Кралев, како и од Никола Тодоров во 2010 година кога беше нa функцијата министер за образование.

По пожарот кој во месец април се случи во овој студентски дом, ветување за реновирање на опожарениот блок даде и самиот премиер Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

„Да, уште претходно, пред да настане опожарување во еден од блоковите, беше планирано реновирање, реконструкција која што ќе започне наскоро и во текот на ова лето ќе се заврши. Така што од септември ќе биде целосно завршено и ќе може да се вселуваат студентите во следната учебна година во реконструиран блок“, изјави премиерот на 12 април, 2013 година.

Голем број од ветувањата дадени од надлежните се уште не се исполнети.