АИЕСЕК: Собраното искуството е најголемата животна вредност

АИЕСЕК , најголемата непрофитна организација предводена од студенти ја интензивира регрутацијата за студентски пракси во странство. Од АИЕСЕК ги повикуваат сите заинтересирани студенти да се пријават во организацијата и да аплицираат за некоја од волонтерските или професионални пракси.

АИЕСЕК

Волонтерската пракса  е достапна за сите студенти. Таа трае од 6-12 недели и нуди можност за запознавање нови култури, стекнување нови знаења и вештини кои ќе придонесат за професионален развој на студентот. Праксите се одвиваат во повеќе од 124 земји во светот при што сместувањето и храната најчесто се обезбедени.

„И помина доста време после мојот престој во Полска, а јас сум сè уште под импресии. Добив доста пофалници , се стекнав со животно искуство, дознав нова култура, нови обичаи . Ги подобрив моите комуникациски способности , стекнав доста пријатели од целиот свет“, вели Елена Трајческа која преку АИЕСЕК замина на волонтерска пракса во Полска.

За разлика од волонтерската, професионалната пракса е наменета за студенти кои се при крајот на студирањето или веќе дипломирале. Програмата нуди можност за професионално и напредно искуство во дел од најдобрите компании ширум светот. Оваа пракса трае од 2-18 месеци, а студентот добива и плата за своето работење.

„Собраното искуството е најголемата животна вредност. Кога знаеме дека можеме повеќе, целиме кон подобро. Целиме кон успех. Се мотивираме да го разгориме потенцијалот кој тлее во сите нас. Да научиме нешто повеќе. Да запознаеме нешто подобро. Да придонесеме за подобро утре. Да бидеме поинакви, посебни. Да бидеме дел од несекојдневието. Сакате да бидете дел од една успешна АИЕСЕК приказна?“, стои во повикот од АИЕСЕК за студентски пракси.

Повеќе информации може да се добијат во канцелариите на економските факултет во Скопје и Прилеп, како и на Фејсбук (https://www.facebook.com/aiesec.macedoniahttps://www.facebook.com/AIESECSkopjehttps://www.facebook.com/AIESECPrilephttps://www.facebook.com/aiesectetovohttps://www.facebook.com/pages/A-I-E-S-E-C-Stip/269909103133657).