Расте цената на биткоинот

Повторно расте вредноста на виртуелната валута биткоинот, иако неодамна јапонската берза Мт. Гокс прекина со работа.

Според индексот Винкдекс, вредноста на виртуелната валута синоќа во 21 часот по средноевропско време изнесуваше 581 долар, што е раст од 13 отсто за 24 часа, по огромниот пад од над 100 долари еден ден претходно.

биткоин

Големиот пад во вторникот беше предизвикан од затворањето на јапонската берза Мт. Гокс, што предизвика паника меѓу инвеститорите ширум светот.

Биткоинот е дигитална валута, што значи овие пари се контролирани и се чуваат исклучиво во компјутерите преку интернет, но сега наоѓаат многу начини за да допрат до се поголем број луѓе и  бизниси низ светот. Сепак и економистите и интернет пионерите сеуште се збунети.  Биткоинот не е само валута како доларот, еврото или јенот. Тоа е начин за плаќање, како PayPal или Visa credit card network. Дозволува да се чуваат парите, но и да се трошат, да се тргува со нив и да се носат од едно место на друго, слично и едноставно како испраќање мејл.

Повеќе за биткоинот може да прочитате ОВДЕ.