„Сателит“ награда за тинејџерската веб серија # SamoKažem

Во Лос Анџелес вчера беа доделени престижните награди „Сателит“ на Меѓународната новинарска академија (International Press Academy). Во категоријата „оригинален краток формат” , а во конкуренција со осум веб серии, првата награда ја доби  регионалната веб серија # SamoKažem (Само кажувам) .

„Сателит“ награда за тинејџерската веб серија # SamoKažem

Продуцент на серијата е Фондот Б92, извршен продуцент е Туна фиш студио од Белград , режијата е на младата Јелена Гавриловиќ, а во серијата глумат младите актери Младен Совињ, Ана Мандиќ , Милена Станиќ , Давор Голубовиќ , Ана Стојановска, Бујар Ахмети и Јелена Асановиќ.

# SamoKazem се најде во одбраната дружина наградени каде наградите за телевизиски серии ги добија Breaking Bad и  Games of Thrones. Главната награда ја доби 12 Years a Slave за најдобар филм, Стив Меквин за најдобар режисер, Кејт Бланшет за најдобра актерка во филмот Blue Јаsmin и Метју Meконахи за најдобар актер во Dallas Buyers Club.

Сателит“наградите се доделуваат од страна на  Меѓународната новинарска академија со седиште во Лос Анџелес и се сметаат за едни од најсигурните индикатори за потенцијални добитници на Оскари. Меѓународната новинарска академија ја сочинуваат новинари кои ги следат случувањата од областа на печатените,  ТВ, радио и новите медиуми, објави Б92.

Сите епизоди може да ги погледнете ОВДЕ.