[Видео] Одлични документарни филмови за природата

[Видео] Одлични документарни филмови за природата

Знаеме ли доволно за природата и процесите кои го условуваат животот на планетата? Еве избор на документарни филмови, слободни за гледање на интернет, кои на одличен начин објаснуваат дел од бројните тајни на природниот свет:

1. „Колку луѓе можат да живеат на Земјата?“ (50 минути)

Легендарниот природонаучник Sir David Attenborough истражува дали светот се движи кон популациска криза. Во својата долга кариера, тој гледал како светското население расте, од 2,5 милијарди, до повеќе од седум милијарди. Во овој документарец, Attenborough го прикажува силното влијание на овој брз раст врз луѓето, но и врз животната средина.

2. „Волшебната шума“ (60 минути)

Дел од серијата Secrets of Our Living Planet, овој филм ги покажува неверојатните еко-системи што го прават животот на Земјата возможен. Користејќи прекрасни снимки од дивината, Chris Packham ги открива скриените чуда на природниот свет и сложените и понекогаш бизарни врски меѓу живите суштества, без кои животот едноставно не може да постои.

3. „Мравки: Тајната моќ на природата“ (55 минути)

Тие ја населуваат нашата планета со милиони години, но и покрај тоа, ниту едно суштество не ни е потуѓо од нив. Наградениот снимател Wolfgang Thaler и водечкиот стручњак за мравки Bert Hoelldobler, не запознаваат со мистериозниот свет на овие социјални инсекти.

4. „Home“ (90 минути)

Живееме во посебни времиња. Научниците ни кажуваат дека имаме само десет години за да го смениме начинот на кој живееме и да го спречиме неповратното трошење на природните ресурси. Влогот е голем за нас и за нашите деца. Сите мор да учествуваат во напорите да се спаси планетата, а филмот Home е направен токму за да служи како апел до секој човек на светот.

5. „Mt. Everest: How it was Made“ (45 минути)

Поглед на геолошката историја на највисокиот планински врв во светот и на Хималаите во целина.

6. „Најдлабокото место на светот“ (45 минути)

Маријанскиот ров е најдлабоката точка на светот, повеќе од 11 километри под морето. Само двајца луѓе се спуштиле до оваа точка, помалку отколку што чекореле по Месечината. Притисокот е 17 пати повисок од оној што е доволен да смачка нуклеарна подморница. Дознајте повеќе за невообичаената геологија на ова место и за причините за создавање на длабоката лузна на морското дно.

7. „The Andes – The Dragon’s Back“ (50 минути)

Приказна за Андите, спектакуларниот планински венец, еден од најбогатите со жив свет.

8 „Блескави планини“, серија, 4 епизоди

Извор