„Девојчето со кибритчињата“ награден на фестивал во Индија

Краткиот игран филм „Девојчето со кибритчињата” во режија на Филип Матевски и продукција на „Квазар филм“ доби награда за најдобар краток филм на меѓународниот детски филмски фестивал Children’s India, кој се одржа од 20-ти до 24 јануари, соопшти денеска „Квазар филм“.

„Девојчето со кибритчињата“ награден на фестивал во Индија

Филмот е снимен според мотиви на истоимената приказна на Ханс Кристијан Андерсен, на локации во скопската чаршија. Премиерно беше прикажан во 2011 година на „Синедејс“ во Скопје и од тогаш е прикажан на 15 интернационални фестивали.

Сценариото го напишаа Филип Матевски и Ивана Нелковска, директор на фотографија е Душан Кардалевски, а продуцент Данко Димовски. Улогите ги играат Диана Стојковска, Ненад Начев, Катарина Илиевска и Јана Стојановска.