Синдромот „селфи“ – како социјалните мрежи создаваат „нарциси“

Дали нарцизмот е неизбежна реакција на нашата општествена култура? Нарцисоидното нарушување на личноста вклучува преокупација со себеси и со тоа како личноста ја перцепираат останатите луѓе.

Нарцисоидните луѓе се суетни и се восхитуваат на своите физички и интелектуален атрибути. Овие луѓе не ги слушаат останатите,  преокупирани се со себе, сакаат да бидат над правилата, не се во можност да прифатат критики, брзо се лутат.

Според истражувањето на Државниот универзитетот на Калифорнија социјалните мрежи имаат негативни ефекти врз овие луѓе. Оние што користат Фејсбук имаат поголема тенденција кон нарцисоидност и несигурност.  На Универзитетот во Мичиген пак една студија за студентите открила дека оние кои имаат тенденција кон нарцисоидност, почесто постираат на Твитер. Дали нарцизмот е неизбежна реакција на нашата општествена култура?

Синдромот „селфи“ - како социјалните мрежи создаваат „нарциси“

Извор