Отворен е повикот за стипендии Метју Нимиц на Централниот европски универзитет

Отворен е повикот за стипендии Метју Нимиц на Централниот европски универзитетДржавјани на Албанија, Бугарија, Македонија, Грција и Косово до 23 јануари можат за аплицираат за стипендиите Метју Нимиц на Централниот европски универзитет (ЦЕУ) во Будимпешта.

Стипендиите ги покриваат следните студентски трошоци: целосната сума за школувањето, сместување во кампусот на ЦЕУ, месечна стипендија и здравствено осигурување. Апликантите мора да бидат жители на барем една од наведените земји.

Стипендиите се даваат на исклучителни студенти и идни лидери во креирање на јавните политики. Успешните кандидати треба да имаат одлични академски резултати, силна мотивација за учење во и надвор од училницата, лидерски потенцијал и силни интерперсонални вештини, интерес за глобалната политика.

Од Фондот посочуваат дека стипендии се даваат за студентите од различни области како што се правни науки, економија, новинарство, медицина, инженеринг и слично.

Повеќе информации за универзитетот и програмата може да се добијат на овој ЛИНК, а за начинот на апликацирање ОВДЕ