Град Скопје донесе одлука за разрешување на директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева, што предизвика остри реакции кај здружението за заштита на животни Анима Мунди, од каде велат дека станува збор за неочекуван и нетранспарентен потег.
Од организацијата соопштија дека Пешева, која е активистка на Анима Мунди и долгогодишен борец за хумано и системско справување со проблемот со бездомните животни, за разрешувањето била известена телефонски, без претходна средба, без образложение и без официјална институционална комуникација.
Отстранети се активисти од Управниот одбор. Отстранет е директор, активист. Отстрането е сè што не е подобно и сè кај кое нема да помине наредба на штета на живо битие, реагираат од Анима Мунди.
Според нивната реакција, активисти кои цдомиле илјадници кучиња и превенирале животни од страдање и останување на улица се предмет на деградирање поради ваквите одлуки.
Активисти кои изнесоа и вдомија илјадници кучиња во странство, луѓе кои со години превенираа животни да останат на улица, луѓе кои секојдневно работат на терен, спасуваат, лекуваат и носат решенија – се замија во одборите со луѓе кои куче виделе само на улица, дел со анимозитет или страв, а состаноци не одржуваат во Лајка затоа што им пречи мирисот на институцијата што треба да ја водат, стои во соопштението.
Радмила Пешева, активистка од „Анима Мунди“, беше назначена за в.д. директор на ЈП „Лајка“ во септември 2022 година. Сепак, според информации од март 2026 година, Град Скопје донел одлука за нејзино разрешување.



