Апликации за подобар сон ќе се вклучуваат во третман на пациенти со несоница

Апликациите за подобар сон можат да го зголемат стресот кај луѓето со несоница, покажува истражување објавено во Frontiers in Psychology, пренесено од SciMEx.

Како што расте свеста за мааната на квалитетниот сон, сè повеќе луѓе користат апликации и паметни уреди за негово следење. Сепак, оваа технологија е релативно нова, а нејзината точност и ефекти не се целосно разјаснети. Истражување од Универзитетот во Берген покажува дека, иако кај некои корисници има подобрување, кај луѓето со симптоми на несоница често се јавуваат зголемен стрес и загриженост.

Истражувачите анкетирале 1.002 возрасни лица во Норвешка. Дури 46% од нив користеле или користат апликации за следење на сон. Почесто ги користат жени и лица под 50 години, а помладите пријавиле посилни ефекти – и позитивни и негативни.

Околу 15% од испитаниците изјавиле дека апликациите им го подобриле сонот, додека 2,3% пријавиле влошување. Најчеста корист била подобро разбирање на сопствениот сон (48%), додека најчест негативен ефект била зголемена загриженост (17%). Особено ранлива група се лицата со несоница, кај кои повратните информации од апликациите можат да ја зголемат анксиозноста.

Научниците предупредуваат и на појава наречена ортосомнија – состојба во која прекумерното следење на податоците за сон доведува до полош одмор.

Како совет, експертите препорачуваат корисниците да не се оптоваруваат со податоците од апликациите, да ги исклучуваат известувањата ако создаваат стрес и да се потпираат на сопственото чувство за замор. Легнувањето треба да биде кога телото навистина има потреба од сон, бидејќи спротивното може дополнително да ги влоши проблемите со спиењето.

Извор: SciMEx