Единствена работа ќе ви биде да ги храните мачките и да си играте со нив: Грчки остров со повик за необично вработување

Да го поминувате целиот ден без никакви обврски, освен да си играте со мачки, да ги храните и да ги галите – за љубителите на овие животни тоа е остварување на сонот. А кога на тоа ќе се додадат грчкиот остров Сирос, летото и фактот дека сè е бесплатно, јасно е дека станува збор за совршена можност.

Токму тоа го нуди засолништето за мачки на Сирос, кое повикува волонтери да им се придружат. Центарот постои уште од деведесеттите години и важи за пионер на движењето за заштита на животните на островот. Се бараат физички подготвени, зрели, здрави и самостојни лица кои се подготвени да останат најмалку еден месец и да помогнат во секојдневната работа.

Мисија и обврски на волонтерите

Основната мисија на засолништето е грижа за популацијата на улични мачки преку програма за стерилизација, следење на нивната здравствена состојба, обезбедување ветеринарна помош кога е потребно и редовно хранење.

Обврските на волонтерите вклучуваат чистење на просторот, хранење на мачките, социјализација на младите мачиња за да се подготват за вдомување, како и – ништо помалку важно – галење и дружење со нив.

Благодарение на овие организации, односот на жителите кон мачките се променил – од некогашна нетрпеливост до заемно почитување. Денес островот со гордост ги прифаќа своите мачки како дел од сопствениот идентитет.

Од избраните кандидати се очекува да работат пет часа дневно, пет дена во неделата, а за возврат добиваат бесплатен сместување, покриени трошоци и појадок. Пријавите за претстојната летна сезона се затворени, но нов конкурс за 2027 година се очекува наесен.

Кандидатите се охрабруваат да ја следат официјалната веб-страница на „Syros Cats“ или да се пријават на нивниот билтен.

Извор: EUpravozato

Фото:  Википедиа