Денеска на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје ќе се одржи јавна дебата за новиот Предлог-закон за високо образование, во организација на Министерство за образование и наука.
Целта на дебатата е да се отвори широка и инклузивна дискусија за предложените законски решенија, кои имаат за цел унапредување на квалитетот на високото образование, зголемување на транспарентноста и усогласување со европските стандарди. На настанот се очекува присуство на претставници од академската заедница, универзитетски професори, студенти, како и други засегнати страни.
Пред почетокот на дискусијата, изјава за медиумите ќе даде министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска. Таа ќе ги образложи клучните аспекти на Предлог-законот и ќе ги истакне очекуваните придобивки од неговото донесување.
Од Министерството упатуваат покана до сите заинтересирани новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат настанот и да известуваат за текот на јавната дебата.
Јавната расправа претставува важен чекор во процесот на креирање на законското решение, со цел вклучување на стручната и пошироката јавност во реформите во високото образование.
Фото извор: Википедиа



