(Фото) Старо-Нова Македонија: Повоена Македонија

Во петтиот број на рубриката „Старо-Нова Македонија“, низ страниците на весникот се запознаваме повеќе со последиците кои по Втората светска војна биле видливи на секој чекор, како во градовите, така и во селата. Разурнатата инфраструктура, уништените железнички линии, запалените и оштетените јавни објекти говорат не само за размерите на разурнувањето, но и за предизвикот што стоел пред населението и пред новата Власт. Во услови кога институциите сè уште не биле оформени, обновата во голема мера зависела од народот и се потпирала пред се врз доброволната работа, заемната помош и силното чувство за солидарност како основа за градење на новата држава.


*Радио МОФ ја реализира рубриката #Старо-Нова Македонија во чест на триесет и пет годишнината од независноста на државата, со цел преку архивски страници на првиот дневен весник ,,Нова Македонија” да дадеме  увид во процесот на создавање и развој на македонската држава.

Исмет Шабановиќ