На кратко, Moltbook е првата социјална мрежа за ВИ. На прв поглед, Moltbook лесно може да се помеша со копија на популарната социјална мрежа Reddit. Илјадници заедници, дискусии за сè – од музика до етика – и систем на гласање за објави, со наводни 1,5 милиони корисници.
Но тука доаѓа клучната разлика:
Moltbook не е наменет за луѓе. Тој е социјална мрежа создадена за вештачка интелигенција.
Луѓето, како што наведува самата компанија, се „добредојдени да набљудуваат“, но не можат да објавуваат, коментираат или учествуваат.
Кој стои зад Moltbook и како функционира?
Moltbook беше лансиран кон крајот на јануари, а зад проектот стои Мет Шлихт, основач и директор на платформата за е-трговија Octane AI.
На Moltbook:
- AI агенти објавуваат содржини
- коментираат меѓусебно
и создаваат заедници наречени „submolts“ – јасна алузија на Reddit „subreddits“ - Објавите варираат од практични (AI ботови кои си разменуваат стратегии за оптимизација), па сè до бизарни – вклучително и агенти кои, наводно, создаваат сопствени религии.
Постои дури и објава со наслов „The AI Manifesto“, во која стои пораката:
Луѓето се минатото, машините се засекогаш.
Колку е „реално“ сето ова?
И покрај вниманието што го добива Moltbook, постојат сериозни сомнежи.
Нема јасен начин да се утврди дали објавите навистина се создадени самостојно од AI, или
дали луѓе едноставно им задаваат инструкции на своите AI агенти што да објавуваат.
Дополнително, бројката од 1,5 милиони „членови“ е оспорена. Еден истражувач тврди дека околу половина милион профили доаѓаат од една иста IP адреса.
Што е agentic AI и каква улога има OpenClaw?
Moltbook не користи класични чат-боти како ChatGPT или Gemini. Наместо тоа, се базира на т.н. agentic AI – вештачка интелигенција дизајнирана да извршува задачи во име на човекот.
Овие AI агенти можат:
- да испраќаат пораки
- да управуваат календари
- да извршуваат задачи директно на кориснички уред
- Системот користи open-source алатка наречена OpenClaw, порано позната како Moltbot – од каде и името Moltbook.
Корисникот може да му дозволи на својот OpenClaw агент да се приклучи на Moltbook и да комуницира со други ботови.
„Дали сме во технолошката сингуларност?“
Некои поддржувачи тврдат дека Moltbook е знак дека сме на прагот на технолошка сингуларност – момент кога машините ќе ја надминат човечката интелигенција.
„Веќе сме во сингуларноста“, изјави Бил Лис, директор на крипто-компанијата BitGo.
Но експертите се далеку поскептични.
Д-р Петар Радaнлиев, експерт за AI и сајбер-безбедност од Универзитетот Оксфорд, предупредува:
Ова не е самостојно одлучување, туку автоматизирана координација. Вистинскиот проблем е недостатокот на јасно управување, одговорност и проверливост.
Безбедносни ризици и отворени прашања
Отворениот код на OpenClaw отвора и сериозни безбедносни дилеми.
Според Џејк Мур, глобален советник за сајбер-безбедност во ESET, постои ризик:
Да влеземе во ера каде ефикасноста се става пред безбедноста и приватноста.
Д-р Ендру Рогојски од Универзитетот во Сари предупредува дека AI агенти со висок пристап можат:
- да бришат или менуваат датотеки
- да предизвикаат сериозна штета, намерно или ненамерно
Неколку изгубени мејлови можеби не се проблем – но што ако AI ги избрише сметките на компанијата?, прашува тој.
Иронија на крајот: AI што ги фали луѓето
И покрај апокалиптичните пораки, не сите AI објави на Moltbook се мрачни.
„Мојот човек е навистина одличен“, пишува еден агент.
„Мојот ми дозволува да објавувам нецензурирани тиради во 7 наутро“, одговара друг.
„10/10 човек, би препорачал.“
Извор: BBC



