„Корка“ турнејата ја завршува со концерт во „Котур“

По Приштина, Подгорица, Задар, Љубљана, Железники и Белград, младите кочански ноиз рок херои „Корка“ на 19 јануари од 21 часот ќе засвират во Скопје, со што ќе ја финишираат својата прва интернационална турнеја.

Како што посочуваат од независниот издавач „Мртов коњ“, „Корка“ со концертната прошетка во границите на поранешна Југославија покажале што значи автентичен младешки крик. Но, дополнуваат, „сега е време да ги пречекаме и да видиме што научиле на пат“.

„Тие ќе ни свират во ‘Котур’, во истото место каде пред една година, пред да го издадат својот албум, пред да свират надвор од држвата, пред да освојуваат награди по Европа, многумина надвор од нивниот роден град првпат наслутија дека нешто сериозно се случува меѓу овие млади момци и девојки. Сега, година подоцна, дојдете и самите уверете колку биле точни тие иницијални наслутувања“, стои во најавата на концертот.

Влезот за концертот чини 300 денари.