[Фото] Тимот ,,los polos” е победник на дебатниот турнир за почетници

Во средното училиште „Јахја Кемал“ во Скопје викендов се одржа овогодинешното дебатно првенство за почетници.

„Во текот на изминатите два дена, имавме можност да го слушнеме ставот на младите на различни теми, во кои низ конструктивна дебата и аргументиран пристап ги покажаа стекнатите вештини кои ги имаат научено во текот на изминатиот период“, соопштија од Младински образовен форум (МОФ).

Во големото финале се соочија тимовите за афирмација: „Order 67“ и за негација: „los polos“

Победник на турнирот е тимот „los polos“.

Како најдобри говорници на турнирот се прогласени (1) Јана Господинова, (2) Стефан Николовски и (3) Михаела Атов.

„Упатуваме честитки до сите учесници со желба за ново заедничко искуство наскоро! Благодарност до училиштето ,,Јахја Кемал” за одличното гостопримството и за долгогодишната пријателската соработка“, соопштија од МОФ.

 

Младински образовен форум во февруари 2026 година ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое исто така ќе се одржи во Скопје.

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година