Во „Котур“ во Скопје вечер, 25 декември“, по 21 часот ќе се одржи концерт на групата „The Local Blue“.
„The Local Blue“ e музичка група од Скопје, сочинета од четворица музичари, кои даваат нова димензина на сѐ побогатата независна сцена на овие простори.
Бендот моментално го сочинуваат Кристијан Савиќ на гитара и Кристијан Новковски на тапани (од првичните членови), тука е и Нинослав Спировски на саксофон, а последен се вклучи и Мартин Џорлев на бас.
„The Local Blue“ зад себе ги остави албумите „Project Blue Beam“ (2018) и „2nd Landing“ (2020) издадени за „PMG Recordings“. Исто така, имаат објавено албум во живо сниман во „Канал 103“, како и еден сингл – „Planet Negative“.
View this post on Instagram
Звукот на „The Local Blue“ би можел да се опише како инструментален краут рок со забележливи психоделично-динамични акценти. Уникатна спојка на една звучна палета од психоделичен, стоунер, спејс и пост рок. Сепак, афинитетите кон музичка слобода својствени во изразот на секој од членовите им допуштаат на композициите да прогресираат секоја на свој уникатен начин, зависно од моменталното чувство, носејќи го звукот на овој бенд во поширок жанровски опсег.
Токму желбата за слобода во изразувањето и отвореност кон се’ поширок спектар на музички изрази од различни стилови, доведе до проширување на матичното трио со уште еден член. Станува збор за Нинослав Спировски, еден од најистакнатите саксофонисти од новиот бран на скопската импровизирана, авангардна, фри џез сцена, со долгогодишно искуство и во гитарската музика. Дополнителна музичка димензија носи и вклучувањето на Мартин Џорлев. Тој се вбројува како еден од најистакнатите македонски млади музичари, дел од „Луфтанза“, „Стој, после!“, „Стражарот“ и последниот проект „Животни“.
Билет за свирката во „Котур“ е 200 денари.



