Евгенија Донева: Младите имаат идеи, енергија и став – само  треба да им се даде простор да ги изразат

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Автор: Кристијан Трајчов
    Ментор: Бојан Шашевски

    Овој производ е изработен во рамки на регионалната иницијатива на Обединетите нации „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ финансиран од Фондот на Обединетите нации за градење мир што го спроведуваат УНФПА, УНДП, УНЕСКО и UNWOMEN чија цел е да ги поттикне младите да се вклучат во конструктивни наративи, јакнење на меѓукултурниот дијалог, инклузија, родова еднаквост и креирање заедничко разбирање и доверба во Западен Балкан.

    Во период кога младинското учество во општините е занемарено, Младинскиот Парламент на Југоисточниот регион претставува редок пример на организирана, функционална и регионално обединета младинска структура. Ова е прв ваков парламент во земјата кој ги поврзува младите од 10 општини, создавајќи платформа за дијалог, иницијативи и вистинско застапување на младинските потреби.

    Евгенија Донева, координаторка на Регионалниот младински парламент, во интервју со Радио МОФ зборува за неговата улога, активностите и предизвиците, како и за тоа што навистина им недостига на младите за да станат активни чинители во своите заедници.

    Како би го опишале Младинскиот парламент на Југоисточниот регион на оние што првпат слушаат за вас?

    Тоа е првото регионално тело кое ги обединува младите од 10 општини. Го формиравме преку проект поддржан од Европската Унија, со цел младите директно да учествуваат во креирањето локални и регионални политики. Нашата улога е да го засилиме младинското учество, да создадеме дијалог со институциите и да формираме механизам што ќе функционира и по завршувањето на проектот. Потребно е младите да бидат слушнати, активно вклучени и поддржани да ги претстават своите идеи, потреби и иницијативи пред општините.

    Кој е вашиот главен фокус – кои проблеми или теми ги ставате на прво место?

    Фокусот го одредуваат самите млади. Најчесто тоа се младинско учество во локалното управување, слабата комуникација со институциите, екологија, одржлива мобилност, јавни простори и волонтерство. Работиме на теми кои тие ги идентификуваат како најважни и кои носат реални промени во заедницата.

    Со други зборови – нашиот фокус е да ги адресираме реалните потреби на младите во регионот, да создадеме дијалог со институциите и да работиме на иницијативи кои носат видливи и корисни промени во локалните заедници, и воедно најголемиот предизвик е младите да добијат желба и мотивација да дејствуваат во својата заедница.

    Како функционира парламентот?

    Досега имавме една седница на младинскиот парламент, членовите се вмрежени едни со други и имаа заеднички иницијативи.

    Суштината е во тоа дека парламентот ја собира енергијата и гласот на младите, ги претвора во конкретни предлози и потоа ги канализира кон институциите, создавајќи вистински дијалог и реални промени.

    Што е потребно за еден млад човек да стане дел од парламентот?

    За да стане дел од Регионалниот Младински Парламент, на еден млад човек му се потребни само три работи: желба да се вклучи, мотивација да придонесе и подготвеност активно да учествува.

    Парламентот е отворен за млади од сите општини во Југоисточниот регион, доволно е да се пријават на повикот кој редовно го објавуваме на нашата Фејзбук страна, да учествуваат на обуките, работилниците или локалните состаноци, и да покажат интерес за развивање иницијативи што носат промени во заедницата.“

    На кој начин преку вас се слуша гласот на младите од регионот?

    Создадовме организиран механизам преку кој младите ги изразуваат ставовите, а ние ги пренесуваме до општините. Паралелно работиме на зајакнување или воспоставување локални младински совети – тоа се важните точки преку кои младите треба да бидат слушнати.

    Моментално, во дел од општините советите постојат, но не функционираат активно, а во некои општини воопшто и нема формирано младински совет. Токму затоа ние работиме на тоа – да се воспостави или зајакне младинскиот совет во секоја општина, затоа што тоа е директен локален канал преку кој младите можат да учествуваат и да бидат слушнати.

    Каква е соработката со општините, младинските локални совети и другите институции?

    Различна е по општини. Со некои имаме одлична комуникација и поддршка, со други — помалку. Дел од советниците за млади активно се вклучуваат, но има и општини каде младинските совети не функционираат. Сепак, успеавме да ја разбудиме темата и да покажеме дека младите имаат капацитет.

    Има ли реален слух кај институциите за младинските барања?

    Реален слух постои, но би рекла дека е различно изразен во различни институции. Кај дел од општините и советниците за млади навистина видовме подготвеност да ги слушнат младите, да присуствуваат на седници и да поддржат конкретни иницијативи. Токму затоа неколку од младинските предлози веќе се реализираа.

    Од друга страна, постојат институции каде сè уште чувствуваме пасивност и недоволна вклученост во младинските процеси. Тоа не е затоа што нема волја, туку повеќе затоа што младинските политики не им се поставени како приоритет или не се доволно развиени.

    Што е најголемиот предизвик во соработката со јавните институции?

    Најголемиот предизвик во соработката со јавните институции е различното ниво на ангажман и приоритет што им го даваат на младинските прашања. Друг предизвик е тоа што во поголем дел од општините младинските совети не функционираат или воопшто не се формирани, што дополнително го отежнува дијалогот и континуитетот на младинските иницијативи. Сепак, верувам дека со континуирана работа, повеќе комуникација ќе успееме да изградиме поорганизирана соработка со сите институции. На крајот, сите имаме иста цел – подобра средина и повеќе можности за младите.

    Како го поттикнувате младинскиот активизам на локално и регионално ниво?

    За да го поттикнеме младинскиот активизам, прво мораме да ги поттикнеме самите млади – да ги мотивираме и да им објасниме што всушност значи да бидеш активен граѓанин. Во процесот сфативме дека многу млади не се ни запознаени со терминот младински активизам, ниту веруваат дека промените во заедницата зависат и од нив.

    Затоа започнавме со едукација, разговори и вклучување во активности каде што можат да видат дека нивните идеи навистина прават разлика. Кога младите ќе го почувствуваат тоа – активизмот доаѓа природно.

    Колку младите во регионот се заинтересирани да учествуваат во вашите активности?

    Секој што ќе се охрабри и ќе ја почувствува динамиката – останува и се активира. Во моментов, дел од младите се пасивни, но секој што ќе добие желба или ќе биде привлечен од нашите активности, ќе се приклучи и ќе биде активен.

    Што би им порачале на младите кои сметаат дека „ништо не може да се промени“?

    Дури и најмалите чекори можат да доведат до промена. Ако младите се вклучат, ја изразат својата идеја и делуваат, тие всушност ја градат иднината што ја сакаат. Ништо не се менува само од себе – промената започнува од нас.

    Што недостига во младинските политики во Македонија?

    Сметам дека поддршка и програми за младите има, но често проблемот е во пасивноста – многумина не сакаат сами да се вклучат или да се запознаат со можностите, очекувајќи некој да ги „фати за рака“ и да ги активира. Потребна е иницијатива и желба од самите млади за да ја искористат понудената поддршка.

    Како би изгледала идеалната соработка меѓу младински организации, институции и локална власт?

    Идеалната соработка е кога младите, организациите и локалната власт работат заедно, ги слушаат и поддржуваат идеите едни на други и заедно креираат активности што навистина значат нешто. Клучно е да има комуникација, доверба и заедничка одговорност.

    Зошто младите во Југоисточниот регион треба да бидат дел од парламентот? Што ќе им препорачате?

    Младите треба да бидат дел од парламентот за да го донесат својот свеж глас, нови идеи и енергија, и да покажат дека нивното мислење навистина има вредност. Би им препорачала да се вклучат, да не чекаат другите да решат наместо нив, и да се обидат – секое учество е шанса да влијаат и да научат.

    Ставовите изразени во овој производ се ставови на говорниците и не секогаш ги претставуваат ставовите и мислењата на Фондот на Обединетите нации за градење на мир, на УНФПА или на УН Северна Македонија. 

  • Evgenia Doneva: Të rinjtë kanë ide, energji dhe qëndrim – atyre thjesht duhet t’u jepet hapësirë për t’i shprehur ato

    Autor: Kristijan Trajçov
    Mentor: Bojan Shashevski

    Ky produkt është përgatitur brenda iniciativës rajonale të Kombeve të Bashkuara “Të rinjtë për inkluzion, barazi dhe besim”, e financuar nga Fondi i Kombeve të Bashkuara për Ndërtimin e Paqes dhe zbatuar nga UNFPA, UNDP, UNESCO dhe UN Women, me qëllim që të nxisë të rinjtë të përfshihen në narrativa konstruktive, të forcohet dialogu ndërkulturor, inkluzioni, barazia gjinore dhe krijimi i një kuptimi dhe besimi të përbashkët në Ballkanin Perëndimor.

    Evgenija Doneva, koordinatore e Parlamentit Rajonal të Rinisë, në një intervistë flet për rolin, aktivitetet dhe sfidat e tij, si dhe për atë se çfarë u mungon realisht të rinjve për t’u bërë aktorë aktivë në komunitetet e tyre.

    Si do ta përshkruanit Parlamentin e Rinisë të Rajonit Juglindor për ata që po dëgjojnë për ju për herë të parë?

    Është organi i parë rajonal që bashkon të rinjtë nga 10 komuna. E kemi themeluar përmes një projekti të mbështetur nga Bashkimi Evropian, me qëllim që të rinjtë të marrin pjesë drejtpërdrejt në krijimin e politikave lokale dhe rajonale. Roli ynë është të forcojmë pjesëmarrjen e të rinjve, të krijojmë dialog me institucionet dhe të formojmë një mekanizëm që do të funksionojë edhe pas përfundimit të projektit. Të rinjtë duhet të dëgjohen, të përfshihen dhe të mbështeten në mënyrë aktive për të paraqitur idetë, nevojat dhe iniciativat e tyre në komuna

    Cili është fokusi juaj kryesor – cilat çështje ose tema i vendosni në vend të parë?

    Fokusi përcaktohet nga vetë të rinjtë. Më së shpeshti bëhet fjalë për pjesëmarrjen e të rinjve në qeverisjen lokale, komunikimin e dobët me institucionet, ekologjinë, mobilitetin e qëndrueshëm, hapësirat publike dhe vullnetarizmin. Ne punojmë mbi tema që ata i identifikojnë si më të rëndësishme dhe që sjellin ndryshime reale në komunitet.

    Me fjalë të tjera – fokusi ynë është të adresojmë nevojat reale të të rinjve në rajon, të krijojmë dialog me institucionet dhe të punojmë mbi iniciativa që sjellin ndryshime të dukshme dhe të dobishme në komunitetet lokale. Njëkohësisht, sfida më e madhe mbetet të frymëzojmë dhe motivojmë të rinjtë që të veprojnë në komunitetin e tyre.

    Si funksionon parlamenti?

    Deri tani kemi pasur një seancë të Parlamentit rinor, anëtarët janë lidhur me njëri-tjetrin dhe kanë pasur iniciativa të përbashkëta.

    Thelbi qëndron në faktin se parlamenti grumbullon energjinë dhe zërin e të rinjve, i shndërron ato në propozime konkrete dhe më pas i kanalizon drejt institucioneve, duke krijuar dialog të vërtetë dhe ndryshime reale.

    Çfarë është e nevojshme që një i ri të bëhet pjesë e parlamentit?

    Për t’u bërë pjesë e Parlamentit Rajonal të Rinisë, një i ri ka nevojë vetëm për tre gjëra: dëshirën për t’u përfshirë, motivimin për të kontribuar dhe gatishmërinë për të marrë pjesë aktivisht.

    Parlamenti është i hapur për të rinj nga të gjitha komunat e Rajonit Juglindor; mjafton që ata të aplikojnë në thirrjen që e publikojmë rregullisht në faqen tonë në Facebook, të marrin pjesë në trajnimet, punëtoritë ose takimet lokale, dhe të tregojnë interes për zhvillimin e iniciativave që sjellin ndryshime në komunitet.”

    Në çfarë mënyre përmes jush dëgjohet zëri i të rinjve nga rajoni?

    Krijuam një mekanizëm të organizuar përmes të cilit të rinjtë shprehin qëndrimet e tyre, dhe ne i përcjellim ato te komunat. Në të njëjtën kohë, punojmë për fuqizimin ose krijimin e këshillave lokale të rinisë – ato janë pika kyçe përmes të cilave të rinjtë duhet të dëgjohen.

    Aktualisht, në disa komuna këshillat ekzistojnë, por nuk funksionojnë në mënyrë aktive, ndërsa në disa komuna fare nuk është formuar këshill rinor. Pikërisht për këtë arsye ne punojmë për të krijuar ose fuqizuar këshillin rinor në çdo komunë, sepse ai është një kanal lokal direkt përmes të cilit të rinjtë mund të marrin pjesë dhe të dëgjohen.

    Si është bashkëpunimi me komunat, këshillat lokale të rinisë dhe institucionet e tjera?

    Është e ndryshme nga një komunë në tjetrën. Me disa kemi komunikim dhe mbështetje të shkëlqyer, me të tjerët – më pak. Disa nga këshilltarët e rinisë angazhohen aktivisht, por ka edhe komuna ku këshillat rinore nuk funksionojnë. Megjithatë, arritëm të ngremë temën dhe të tregojmë se të rinjtë kanë kapacitet.

    A dëgjojnë realisht institucionet kërkesat e të rinjve?

    Dëgjimi ekziston, por shprehet ndryshe nga një institucion tek tjetri. Në disa komuna dhe mes këshilltarëve të rinisë pamë vërtet gatishmëri për të dëgjuar të rinjtë, për të marrë pjesë në seanca dhe për të mbështetur iniciativa konkrete. Pikërisht për këtë arsye disa nga propozimet e të rinjve tashmë janë realizuar.

    Nga ana tjetër, ka institucione ku ende ndjejmë pasivitet dhe mungesë angazhimi në proceset rinore. Kjo nuk është për shkak të mungesës së vullnetit, por më shumë sepse politikat rinore nuk janë vendosur si prioritet ose nuk janë zhvilluar mjaftueshëm.”

    Cila është sfida më e madhe në bashkëpunim me institucionet publike?

    Sfida më e madhe në bashkëpunim me institucionet publike është niveli i ndryshëm i angazhimit dhe prioritetit që ata i japin çështjeve rinore. Një sfidë tjetër është se në shumicën e komunave këshillat rinore nuk funksionojnë ose fare nuk janë formuar, gjë që e vështirëson edhe më shumë dialogun dhe vazhdimësinë e iniciativave rinore. Megjithatë, besoj se me punë të vazhdueshme dhe më shumë komunikim, do të arrijmë të ndërtojmë një bashkëpunim më të organizuar me të gjitha institucionet. Në fund, të gjithë kemi të njëjtin qëllim – një mjedis më të mirë dhe më shumë mundësi për të rinjtë.

    Si e nxisni aktivizmin rinor në nivel lokal dhe rajonal?

    Për të inkurajuar aktivizmin rinor, së pari duhet të inkurajojmë vetë të rinjtë – t’i motivojmë ata dhe t’u shpjegojmë se çfarë do të thotë me të vërtetë të jesh qytetar aktiv. Gjatë procesit kuptuam se shumë të rinj nuk janë njohur as me termin aktivizëm rinor, dhe as nuk besojnë se ndryshimet në komunitet varen edhe prej tyre.

    Kjo është arsyeja pse ne filluam të edukojmë, të flasim dhe të angazhohemi në aktivitete ku ata mund të shohin se idetë e tyre me të vërtetë bëjnë një ndryshim. Kur të rinjtë e ndjejnë atë – aktivizmi vjen natyrshëm.”

    Sa janë të interesuar të rinjtë e rajonit të marrin pjesë në aktivitetet tuaja?

    Kushdo që guxon, e ndjen nga afër dinamikën – qëndron dhe aktivizohet. Aktualisht, një pjesë e të rinjve janë pasivë, por kushdo që fiton dëshirë ose tërhiqet nga aktivitetet tona, bashkohet dhe bëhet aktiv.

    Çfarë do t’u thoshe të rinjve që mendojnë se “asgjë nuk mund të ndryshojë”?

    Edhe hapat më të vegjël mund të bëjnë një ndryshim. Nëse të rinjtë përfshihen, shprehin idenë dhe veprojnë, ata në të vërtetë ndërtojnë të ardhmen që duan. Asgjë nuk ndryshon vetvetiu – ndryshimi fillon nga ne.

    Çfarë mungon në politikat rinore në Maqedoni?

    Mendoj se ka mbështetje dhe programe për të rinjtë, por shpesh problemi qëndron te pasiviteti – shumëkush nuk dëshiron të përfshihet vetë apo të njihet me mundësitë, duke pritur që dikush t’i “kapë për dore” dhe t’i aktivizojë. Nevojitet iniciativë dhe dëshirë nga vetë të rinjtë për ta shfrytëzuar mbështetjen që ofrohet.

    Si do të dukej bashkëpunimi ideal mes organizatave rinore, institucioneve dhe pushtetit lokal?

    Bashkëpunimi ideal është kur të rinjtë, organizatat dhe pushteti lokal punojnë së bashku, dëgjojnë dhe mbështesin idetë e njëri-tjetrit dhe së bashku krijojnë aktivitete që kanë vërtet kuptim. Thelbësore është të ketë komunikim, besim dhe përgjegjësi të përbashkët.

    Pse duhet të jenë të rinjtë e Rajonit Juglindor pjesë e parlamentit? Çfarë do t’u rekomandoje atyre?

    Të rinjtë duhet të jenë pjesë e parlamentit për të sjellë zërin e tyre të freskët, ide të reja dhe energji, dhe për të treguar se mendimi i tyre ka vërtetë vlerë. Do t’u rekomandoja të përfshihen, të mos presin që të tjerët të vendosin në vend të tyre, dhe të provojnë – çdo pjesëmarrje është një mundësi për të ndikuar dhe për të mësuar.

    Qëndrimet e shprehura në këtë produkt janë qëndrimet e folësve dhe nuk përfaqësojnë gjithmonë qëndrimet dhe opinionet e Fondit të Kombeve të Bashkuara për Ndërtimin e Paqes, të UNFPA-së ose të OKB-së në Maqedoninë e Veriut. Në një periudhë kur pjesëmarrja rinore në komunat është e neglizhuar, Parlamenti rinor i Rajonit Juglindor përfaqëson një shembull të rrallë të një strukture rinore të organizuar, funksionale dhe të bashkuar rajonalisht. Ky është parlamenti i parë i tillë në vend që lidh të rinjtë nga 10 komuna, duke krijuar një platformë për dialog, iniciativa dhe përfaqësim real të nevojave të të rinjve.

  • Evgenija Doneva: Young People Have Ideas, Energy, and a Voice – They Just Need Space to Express Them

    Author: Kristijan Trajchov
    Mentor: Bojan Shashevski

    This product was developed within the framework of the United Nations regional initiative “Youth for Inclusion, Equality and Trust,” funded by the United Nations Peacebuilding Fund and implemented by UNFPA, UNDP, UNESCO, and UN Women. Its goal is to encourage young people to engage in constructive narratives, strengthen intercultural dialogue, promote inclusion and gender equality, and build shared understanding and trust in the Western Balkans.

    At a time when youth participation in municipalities is largely neglected, the Youth Parliament of the Southeast Region stands as a rare example of an organized, functional, and regionally unified youth structure. This is the first parliament of its kind in the country, connecting young people from 10 municipalities and creating a platform for dialogue, initiatives, and genuine representation of youth needs.

    Evgenija Doneva, Coordinator of the Regional Youth Parliament, speaks in an interview about its role, activities, and challenges, as well as about what young people truly lack in order to become active actors in their communities.

    How would you describe the Youth Parliament of the Southeast Region to those who are hearing about you for the first time?
    It is the first regional body that brings together young people from 10 municipalities. We formed it through a project supported by the European Union, with the aim of enabling young people to directly participate in the creation of local and regional policies. Our role is to strengthen youth participation, create dialogue with institutions, and establish a mechanism that will function even after the project ends. Young people need to be heard, actively involved, and supported in presenting their ideas, needs, and initiatives to municipalities.

    What is your main focus – which issues or topics do you prioritize?
    The focus is determined by young people themselves. Most often, these include youth participation in local governance, weak communication with institutions, ecology, sustainable mobility, public spaces, and volunteering. We work on issues they identify as most important and that bring real change to the community.

    In other words, our focus is to address the real needs of young people in the region, create dialogue with institutions, and work on initiatives that deliver visible and useful changes in local communities. At the same time, the biggest challenge is motivating young people to want to act and engage in their own communities.

    How does the parliament function?
    So far, we have held one session of the Youth Parliament. Members are networked with one another and have carried out joint initiatives. The essence of the parliament is to gather the energy and voice of young people, transform them into concrete proposals, and then channel them toward institutions, creating genuine dialogue and real change.

    What is required for a young person to become part of the parliament?
    To become part of the Regional Youth Parliament, a young person needs only three things: the desire to get involved, the motivation to contribute, and the willingness to actively participate. The parliament is open to young people from all municipalities in the Southeast Region. It is enough to apply through the call we regularly publish on our Facebook page, participate in trainings, workshops, or local meetings, and show interest in developing initiatives that bring change to the community.

    How is the voice of young people from the region heard through your work?
    We have created an organized mechanism through which young people express their views, and we convey them to municipalities. In parallel, we work on strengthening or establishing local youth councils—these are key points through which young people should be heard.

    Currently, in some municipalities, youth councils exist but do not function actively, while in others they are not formed at all. That is precisely why we are working to establish or strengthen a youth council in every municipality, because this is a direct local channel through which young people can participate and be heard.

    What is cooperation like with municipalities, local youth councils, and other institutions?
    It varies from municipality to municipality. With some, we have excellent communication and support; with others, less so. Some youth officers are actively involved, but there are also municipalities where youth councils do not function. Still, we have managed to raise awareness of the issue and show that young people have capacity.

    Is there genuine responsiveness from institutions to youth demands?
    There is genuine responsiveness, but it is expressed differently across institutions. In some municipalities and among youth officers, we have truly seen willingness to listen to young people, attend sessions, and support concrete initiatives. That is why several youth proposals have already been implemented.

    On the other hand, there are institutions where we still feel passivity and insufficient engagement in youth processes. This is not because there is no willingness, but rather because youth policies are not set as a priority or are not sufficiently developed.

    What is the biggest challenge in cooperation with public institutions?
    The biggest challenge is the varying level of engagement and priority given to youth issues. Another challenge is that in most municipalities, youth councils either do not function or are not formed at all, which further complicates dialogue and continuity of youth initiatives. Nevertheless, I believe that through continuous work and increased communication, we will succeed in building more organized cooperation with all institutions. In the end, we all share the same goal—a better environment and more opportunities for young people.

    How do you encourage youth activism at the local and regional level?
    To encourage youth activism, we must first encourage young people themselves—motivate them and explain what it truly means to be an active citizen. During the process, we realized that many young people are not even familiar with the term youth activism, nor do they believe that changes in the community also depend on them.

    That is why we started with education, conversations, and involvement in activities where they can see that their ideas truly make a difference. Once young people feel this, activism comes naturally.

    How interested are young people in the region in participating in your activities?
    Anyone who gains courage and feels the dynamic stays and becomes active. At the moment, some young people are passive, but anyone who develops interest or is attracted by our activities will join and become active.

    What message would you send to young people who believe that “nothing can change”?
    Even the smallest steps can lead to change. When young people get involved, express their ideas, and act, they are actually building the future they want. Nothing changes on its own—change starts with us.

    What is missing in youth policies in North Macedonia?
    I believe that support and programs for young people exist, but the problem is often passivity—many are unwilling to get involved themselves or explore opportunities, expecting someone else to “take them by the hand” and activate them. Initiative and desire from young people themselves are necessary to make use of the available support.

    What would ideal cooperation between youth organizations, institutions, and local authorities look like?
    Ideal cooperation is when young people, organizations, and local authorities work together, listen to and support each other’s ideas, and jointly create activities that truly matter. Communication, trust, and shared responsibility are key.

    Why should young people in the Southeast Region be part of the parliament? What would you recommend to them?
    Young people should be part of the parliament to bring their fresh voices, new ideas, and energy, and to show that their opinions truly matter. I would encourage them to get involved, not wait for others to decide on their behalf, and to try—every participation is an opportunity to influence and learn.

    The views expressed in this product are those of the speakers and do not necessarily represent the views or opinions of the United Nations Peacebuilding Fund, UNFPA, or the UN in North Macedonia. At a time when youth participation in municipalities is neglected, the Youth Parliament of the Southeast Region stands as a rare example of an organized, functional, and regionally unified youth structure. This is the first parliament of its kind in the country, connecting young people from 10 municipalities and creating a platform for dialogue, initiatives, and genuine representation of youth needs.