Ви ја претставуваме петтата епизода од видеокаст серијалот „Балкански Перспективи“, правен од Pro Peace во соработка со Радио МОФ.
Во епизодата „Два јазици, една приказна“ поетот и писател Љуљзим Хазири и Сашо Огненовски писател, преведувач и издавач, разговаат дали во домашната книжевна сцена се обработуваат темите поврзани со конфликтот од 2001 година.
Дали македонските и албанските автори имаат храброст да се соочат со темите на конфликтот, причините, соживотот после 2001, помирувањето и колективното минато и дали литературата успева да понуди објективен поглед кон чувствителното историско поглавје.
Во разговорот се отвори и прашањето за книжевните преводи: дали македонските автори се преведуваат на албански јазик и обратно, дали има автори кои пишуваат на македонски или албански јазик, со цел да се надминат јазичните и културни јазови и колку институциите даваат поддршка за вакви иницијативи.



