[Фото] Претставени дела од маратонот во цртање стрипови

Во „Base42“ во Скопје изминатиов викенд се одржа локалното издание на меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип, кој се одвива во повеќе регионални градови истовремено. На уникатниот настан автори, аматери и професионалци имаа 24 часа да создадат стрип со техника и должина по сопствен избор.

„Би сакале да Ви ги преставиме извонредните дела на сите кои неуморно работеа овој викенд, да им се заблагодариме на сите учесници, организатори и на прекрасните дечки од @42dotmk!“, пишаа од „Стрип трип фестивал“.

Цртачите беа: Ива Ѓорѓиевска, Јана Марковиќ, Александар Танчовски, Леа Драмиќанин, Гаја Смилевска, Лука Милевски, Здравко Гиров, Нада Стојановиќ, Узеир Мустафа, Атија Мифаровска, Дарија Дивковиќ, Никола Краљевски, Нена Младеновска, Ведран, Дамјан, Теодор Костовски, Александар Бараковски.

Целосните стрипови наскоро ќе може да се прочитаат на www.24satnocrtanjestripa.com.

Во продолжение, дела од сите кои беа дел од 24-часовниот маратон: