„Скопје – Берлин: Две сестрински радија, еден етер“.
Вака звучи најавата за утрешната (16.11) спојка меѓу „Канал 103“ од Скопје и „Cashmere Radio“ од Берлин, кои го спојуваат етерот во здружена целовечерна програма.
„Два града, две сцени, една љубов кон храбрата музика и слободното радио“, се вели во најавата.
17:00 – 20:00 | Cashmere Radio: FLINTA+ Live Sunday со Nafsika Gkotzamani, Eleni Poulou & Margarita Ermidou
„Отворена радио дружба што ги слави дивите, нежните и бучните агли на експерименталната сцена. Три различни сесии во живо, спонтани звучни експерименти и разговор со артистките. Тие се дел од грчката дијаспора во Берлин, која носи уникатни перспективи и звук во срцето на музичката сцена“.

20:00 – 24:00 | Канал 103:
„Домашна работа со Владимир Муратовски Диво (ака Elektro Kultura), скопскиот панк романтик и андеграунд икона, по повод 5 години од неговата резиденција во Партизанска штампа. На менито: раритетно интервју со авторот, негова селекција на македонски бисери од подземјето, Elektro Kultura свири greatest hits (од Morricone до Tuxedomoon) и прво радио слушање на материјал од меѓународната компилација Elektro Kultura – Various Astronauts, која излегува во декември“.

Програмата може да се слуша преку www.cashmereradio.com или преку www.kanal103.com.mk.



