Советот на Град Скопје на последната седница изгласа одлука со која се забранува фрлање на комунален отпад во контејнерите во период од 22 часот навечер до 6 часот изутрина. Граѓаните кои нема да ја почитуваат одлуката ќе се соочат со парична казна од 50 евра. Првите неколку месеци ќе важат само опомени.
Целта на одлуката, според она што го соопштија службите на Градот Скопје, е да се воведе правна рамка со која ќе му се помогне на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ при собирањето на сметот. Велат дека мерката можеби не е идеална, но дека нејзиното спроведување ќе биде следено преку комуналното претпријатие и инспекциските служби, а ако се покаже за несоодветна ќе биде коригирана.
Со оваа одлука на Советот се врши измена и дополнување на Одлуката за комунален ред во Градот Скопје.
„Ако се погледне компаративно во сите поголеми градови, времето за фрлање на смет е лимитирано. Нашето претпријатие има динамика на собирање на смет, а таа динамика завршува во 22 часот, кога садовите се празнат. Доколку по 22 часот се полнат садовите нормално дека цела вечер и целиот нареден ден корпите или садовите за отпад ќе бидат полни бидејќи не се празнат преку целиот ден. Не може кога постои голема гужва или динамика во градот да се чисти и да се собира смет. Определен е временски термин за собирање на сметот“, соопштија од Градот.
Инаку, налепници кога да се фрла отпад имаше и досега на некои контејнери, но тоа беше на ниво на препорака и јавноста не беше доволно информирана, па немаше и поголем ефект.
За тоа, а и за повеќе други проблеми со отпадот, Радио МОФ анализираше уште во 2019 година:





