Деветгодишно дете од Шуто Оризари минатата недела било однесено во Тетово да питачи и заборавено таму. Како што информираат од тетовската полиција, детето, кое било изгубено и не комуницирало, го пронашол Е.А. пред угостителски објект во Тетово, пренесува агенцијата Мета.мк.
Полицијата открила дека детето е од скопската општина Шуто Оризари и дека неговиот татко се вика Е.М. Малолетникот, заедно со други деца со комбе биле донесени во Тетово за питачење.
Околу 22 часот комбето со други деца заминало за Скопје, а него го заборавиле во Тетово. Од СВР Тетово велат дека за случајот се известени претставници од Центарот за социјални работи Тетово, кои по документирање на случајот, детето го предале на претставници од Центарот од Скопје.



