Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ вечерва (сабота, 11 октомври) во 21 часот ќе гостува составот „Shoom“.
Се работи холандски квинтет од Гронинген.
„Mешаат панк, ноиз и експериментален џез со силна дувачка секција. Панк енергија со слободата на џез-импровизација. Суров, но прецизен хаос. Резултатот е нешто помеѓу англиски пост-пост панк и саундтракот од ‘Cowboy Bebop’ — бучно и заразно“, стои во најавата за концертот, кој се реализира во соработка меѓу Марија Јаќовска и „Ла Кања“.
Земајќи предвид дека во сабота паралелно со концертот ќе се случува и „Здраво млади“ во МКЦ, организаторот соопштува дека бендот ќе почне со свирење точно во 21 часот.
„Сакаме сите кои што сакаат да ги слушнат да имаат време да ја посетат и ‘Ла Кања’ и МКЦ“, се вели во најавата за концерот.
Донација за концертот е 200 денари.
Инаку, Дaан ван Ек од мултимедијалната платформа „3voor12“, за „Shoom“ ќе пише:
„Беше впечатлива глетка на отворањето на фестивалот ‘Popronde’ во еден музеј во Најмеген. На преден план, саксофонист во долг црн капут, со темни очила спуштени на лицето. Зад него, тројца млади мажи свиреа неверојатно остри гитарски линии, а тапанарот менуваше темпа како да не е ништо. Некој вид инструментален џез-сретнува-мошпит настап, што потсетуваше исто толку на изведба на ‘Black Midi’, колку и на една вечер во џез-кафуле…“