Во кафе книжарницата „Буква“ денеска (сабота, 4 октомври) ќе има целодневен настан „Play it loud“ со работилници и потоа музика, организирани во соработка со „JM Macedonia“, „Imagine“ и колективот „Гола планина“.
„Придружете ни се на вториот ‘Play it Loud!’ настан годинава, кој воедно ќе биде и загревање за натпреварот за млади бендови и музичари ‘Imagine’ кој ќе се случува на 10ти во денсинг салата на МКЦ во Скопје како дел од фестивалот ‘Здраво млади’“, стои во најавата.
Настанот почнува во 12 часот, а во 13 часот и работилниците.
Првата е „Букирање и менаџирање“ со Марко Печеновиќ.
Втората од 14:15 на тема „Како музичарите успешно да ја изградат својата онлајн кариера“ со Срна Гугуловска.
Последна работилница од 15:30 часот е со Мартин Џорлев – „Рајдер дај (обука за пишување рајдер)“.
Вечерта, пак, од 20 часот е најавен концерт на бендот „Малико“, а час подоцна и на „Малард“.